Карин Ројтфелд организираше голема модна ревија на живописниот плоштад Микеланџело.
Меѓународниот моден директор на Harper’s Bazaar ја оживеа својата идеја и подготви незаборавна ревија на Piazzale Michelangelo.
Замислениот Давид (дури и ако тоа е копија на познатата статуа) гледаше од перспектива кон најспектакуларните супер модели на светот: Ирина Шајк, Бела и Џиџи Хадид, Наташа Поли, Доуцен Круз, Стела Максвел, Алесандра Амбросио и многу други учесничкии на најспектакуларните модни ревии Pitti uomo.
Околу 5.000 гледачи уживаа во уникатното шоу. Големото шоу заврши со музичката изведба на Лени Кравиц, кој ги изведуваше неговите најпознати хитови. Овој настан дефинитивно ќе влезе во светската модна историја!