Има мал милион работи што треба да ги направите пред вашиот летен одмор …
Иако секоја година со нетрпение го очекуваме одморот, тој секогаш се појавува одеднаш. За време на одморот, сите сакаат да се чувствуваат поубави и позадоволни со цел да се подготвени за сите активности кои доаѓаат. Ако немате доволно слободно време за работа на вашиот летен изглед, ова се третмани кои можете да ги направите за да се чувствувате подобро:
ЛИМФНА ДРЕНАЖА
Лимфниот третман работи така што го отстранува вишокот на течности во телото и ја стимулира циркулацијата. Помага во намалување на обемот на абдоменот и нозете, а во исто време ја зајакнува кожата.
МАНИКИР И ПЕДИКИР
Летото е во знакот на боите, тоа важи и за вашите нокти. Освен средување на ноктите, ќе добиете релаксирачка масажа и пилинг кој ги отстранува мртвите клетки од кожата на вашите раце и нозе.
ТРЕТМАНИ ЗА КОСА
Посетете го вашиот фризер. Скратете ја малку косата, додадете неколку прамени за да го освежите вашиот изглед и направете неколку третмани за заштита на вашата коса пред изложување на сонцето, морето и ветерот.
СПРЕЈ -ТЕН (овој по ваша желба)
Сите ние се чувствуваме подобро кога сме исончани. Но, и сите сме запознаени со фактот дека солариумот е штетен за кожата. Тоа е причината зошто ние препорачуваме спреј тен, кој што веднаш ќе направи да изгледате исончани а ќе трае една недела.