Пилар Рубио и Серхио Рамос: Свадба на годината во Шпанија!
На шпанската свадба на годината, во друштво на бројни гости – дури 500, пристигнаа хрватските фудбалери Лука Модриќ и Матео Ковачиќ со своите сопруги. Двајцата се тимски колега на Серџио Рамос во клубот Реал Мадрид, каде што 33-годишниот фудбалер е капетан, па затоа не е изненадувачки што тие беа на листата на поканети гости. Лука пристигна во друштво на неговата сопруга Вања, додека на Мате му се придружи и неговата сопруга Изабел. Фудбалерите беа фотографирани пред Катедралата во Севиља, каде што Серхио Рамос и Пилар Рубио ќе се венчаат, а сите што присуствуваат на свеченоста мора да ги одложат своите мобилни телефони и камери, според одлуката на популарниот шпански пар.
(фотографии од невестата и младоженецот, ќе ги пуштиме веднаш по објавувањето на социјалните мрежи)
За сега, можеме да видиме само фотографии од елегантните гости на свадбата …
Викторија и Дејвид Бекам пристигнаа меѓу првите гости.