По презентирањето на портокаловата капсула колекцијата, Вирџил Абло сега дебитира со нов асортиман на накит за брендот Луи Витон …
Секое парче од оваа колекција која содржи нараквици и ѓердани е украсено со редизајниран монограм дезен. И нараквиците и ѓерданите се дизајнирани со предимензионирани синџири, вклучувајќи мешавина од црн и златен метал, со детали на кои бојата се прелева.
Chain Link нараквицата содржи комбинација од сребро, месинг и емајл. Нејзините детали се креирани со Сваровски кристали , заедно со гравиран монограм дезен од двете страни на гломазните синџири.