Како си го замислувате вашето катче за одмор, пријатно и комотно, со добра книга и чај?
Убава фотеља може да биде централен дел од дневната или спалната соба. Интересни модели, боја и добар дизајн на фотељата, ќе го направат вашиот дом совршен.
Експертите советуваат никогаш да не ги фрлате старите фотељи, особено оние кои биле наследени со генерации, бидејќи стилскиот мебел е секогаш посебен и може да се комбинира со модерен дизајн.