Топовите на едно раме направија вистински камбек ова лето. Трендот кој на пристоен начин открива малку кожа и ја истакнува клучната коска, како да е создаден за вечерните заводливи излегувања. Ова лето асиметријата е дополнително истакната со волан и разни додатоци.
За вечерно излегување топовите со едно раме комбинирајте ги со миди и мини здолништа или палацо пантолони, а за дневни прошетки комбинирајте ги со фармерки и ленени панѕолони.
Оваа суптилна модна игра со откривање на едно раме создава максимален ефектен изглед, а како се носат ова лето погледнете во нашата галерија …