Од денес 07.06. 2019 година, па се до 26.06 2019 година во галеријата “Акантус”-Скопје, ќе имате можност да ја посетите изложбата „Градот“ на еден од најреномираните македонски сликари Илија Пенушлиски (72).
Станува збор за изложба на 39 дигитални графики, инспирирани од мотиви на градовите.
Пенушлиски изложбата му ја посветува на својот пријател, режисерот и амбасадор Љупчо Тозија кој почина лани, а во каталогот за изложбата е отпечатена и песната „Градот“ (The Town) од Френк Синатра.