Само 30 минутно пешачење, може да поправи многу телесни функции и нашето целокупно здравје.
Ако одите најмалку половина час дневно, оваа активност ќе го поправи вашето расположение, ќе ја намали раната деменција и ризикот од Алцхајмерова болест. Исто така, ќе го намалите нивото на стрес и ќе го зголемите нивото на ендорфин.
Вашето срце ќе функционира понормално, ќе го намалите крвниот притисок и нивото на холестерол и ќе ја зголемите циркулацијата на крвта. Покрај тоа, вашите бели дробови ќе ви бидат благодарни за подобрување на дишењето.
Иако може да звучи невозможно, со пешањето, исто така, можете да го поправите видот. Имено, одењето помага во борбата со глаукомот и го намалува притисокот на очите.
Со пешачењето полесно ќе се изборите против проблеми со варењето, а исто така ќе го намалите ризикот од рак на дебелото црево. Вашите мускули ќе станат поцврсти, ќе го изгубите вишокот килограми и ќе ја подобрите мобилноста на коските и зглобовите.
Конечно, ако сакате мир и неколку минути само за себе, одете на прошетка. Оваа активност ќе го смири вашиот ум, ќе ги намали симптомите на депресија и ќе ви помогне да се намалат чувствата на слабост и исцрпеност.