Кој не би сакал да има куќа со базен на покривот?
Компанијата Anti Reality овој концепт го пренесе чекор подалеку, создавајќи модерна верзија на викендица, каде што покривот е базен. Превртувајќи го покривот, ова студио креираше волумен кој е идеален за уживање – со поглед кон ѕвездите или кон океанот.
Оваа летна викендица, со површина од околу сто квадратни метри, е еднокатна зграда, која се наоѓа на крајбрежната карпа. Кровниот базен е секако елемент кој се издвојува од сите други, но тоа не е единственото нешто што е вредно за внимание. Со панорамски прозорци кои го красат целиот ентериер, таа е дефиниција на комбинација на екстериер и ентериер.
Базенот, кој е достапен преку надворешните скали, има ниво на вода која може да се контролира преку сифонски дренажен систем.