Airbnb го изнајмува најпознатиот музеј во светот за една ноќ!
По Бијонсе и Џеј-Зи кои го снимија своето видео во музејот Лувр во 2018 година, протокот на туристи во најпопуларниот музеј на светот значително се зголеми.
Апсолутниот рекорд од минатата година е 10,2 милиони посетители. И само еден пар на светот ќе има можност да ја помине ноќта во музејот, како што тоа го направи Џеј-Зи со неговата сопруга.
Airbnb организира една ноќ во Лувр за двајца гости. Вечерната програма вклучува аператив со поглед на Мона Лиза, специјална вечера, ВИП турнеја во музејот, кој обично се организира за шефови на држави, камерен акустичен концерт во поранешните простории на Наполеон III и добар сон во специјално опремен “шатор” под куполата на познатата стаклена пирамида. “Цреша на тортата” е појадок во креветот.
Вистина, будењето веројатно ќе биде многу рано – следното утро, музејот повторно се отвора за посетителите.
Покрај тоа, Airbnb веќе вети уште една “ексклузивна серија на впечатоци” во Лувр помеѓу мај и декември 2019 година.