Од назначувањето на Anthony Vaccarello, речиси сите негови ревии се одржани во близина на Ајфеловата кула.
Vaccarello вешто ги поврзал една од најпознатите знаменитости на Париз со амбициозните и храбри колекции. Сепак, далеку од треперливите светла, дизајнерот внимателно и смирено изгради нешто друго во своите вонсезонски колекции посветени на вистинскиот живот.
“Колекцијата Pre-Fall 2019 е начин да се погледне на облеката во стилот на Rive Gauche“, рече дизајнерот. “Станува збор за гардероба, а не за создавање нови силуети. Сакам да сонувам, но исто така ја сакам и реалноста. Оваа колекција се фокусира на идејата за совршена јакна, совршена кошула, совршени здолништа, совршени панталони. “
Во колекцијата Pre-Fall 2019, Vakarelo апсолутно се фокусира на практичноста и разновидноста на облеката. Повеќето стајлинзи изгледаат многу андрогено. Впрочем, ако жените Saint Laurent во сезонските модни ревии имаат апсолутно право да на било кој начин ги покажат своите тела, тогаш предсезонските колекции за мажите и жените се фокусирани на унисекс концепт.