Холандската компанија The Fabricant неодамна го продаде првиот дигитален фустан наречен “Iridescence” за 9.500 долари.
Овој фустан, кој постои само на интернет, беше креиран од Dapper Labs и уметницата Johanne Jaskowske.
Фустанот “Iridescence” е создаден со помош на 2D калапи кои се користат за конвенционална облека и софтвер за 3D дизајн. Со дополнително рендерирање, создадена е оваа хиперреална облека.
Продаден е на аукција која се одржа на самитот Ethereal во Њујорк и беше прогласена за “прво couture модно парче во светот”.
“Глобалните брендови на пазарот на реалниот свет на облека се натпреваруваат за влез во дигиталниот моден простор за да се поврзат со генерацијата Z”, истакнаа претставниците на The Fabricant.