Придобивките од возење на велосипед во однос со автомобил се бескрајни …
Сите зборуваат за тоа, но кога станува збор за практична примена на овој животен стил, некои се двоумат.
Ова се три причини кои се доволно добри за да ве убедат дека треба да започнете:
Го продолжува животот
Во една студија спроведена во Данска речиси 14 години, која опфаќала 30.000 луѓе, откриено е дека луѓето кои возеле велосипед во просек три часа неделно го намалиле ризикот од предвремена смрт за 40 отсто во споредба со луѓето кои не возеле велосипед.
Го намалува холестеролот
Во Перт, Австралија, била спроведена студија со наслов “Велосипедизам 100” и 100 луѓе боле поканети да возат велосипед кон работа неколку дена во неделата. Нивната здравствена состојба била следена и истражувачите откриле дека нивниот добар холестерол се зголемил, а нивниот лош холестерол значително се намалил. Нивната аеробна способност очигледно била подобрена, а нивниот ризик од срцев и мозочен удар бил намален.
Еколошки
Светскиот ден без автомобили се обележува на 22 септември, но тоа не би требало да биде единствениот ден кога ќе одите на работа со велосипед. Освен зачувување и подобрување на вашето здравје на овој начин, исто така, работите на чување на планетата од штетното загадување предизвикано од автомобили.