Лежерни силуети, машки блејзери, големи џебови, минималистички кроеви, основни бои или шарени дезени – оделата се омилени на тренди девојките. Во попладневните часови, девојките носат костуми со релаксиран крој, со бели патики и мали торби, а вечерните одела се комбинираат со геометриски чанти и високи потпетици.
Меѓу фаворитите на улиците на главните престолнини на модата се: панталони и долги блејзери, како да се земени од машки гардеробер, елегантни сакоа со интересно закопчување, модели кои потсетуваат на работничките униформи на британските војници од 1950 -тите и ленени модели со појас во струкот.
Погледнете ја нашата галерија и инспирирајте се …