Водечките лица од модниот свет, Behati Prinsle и Lily Oldridge, се здружија со брендот Ralph Lauren заради нивната нова летна 2019 кампања …
Познатите модели позираат во шик парчиња, кои се карактеризираат со свежи бели кроеви, линии кои веднаш нè поврзуваат со летото и модели со цветен дезен. Behati i Lily се облечени во карактеристична летна палета на бои во форми на кошули, одела и широки пантолони, додека секоја комбинација е спарена со елегантни парчиња накит и едноставен slip-on еспадрили.
Ние мора да признаеме дека оваа визија на летото навистина ни се допаѓа …