За најромантичен изглед: Macrame-торби
Од луксузни до high street брендови …
Техниката Macrame се појави пред многу векови: нашите далечни предци создавале облека и домашни предмети од силни јажиња и снопови кои се врзани во посебни јазли.
Времињата минуваат, а оваа декоративна уметност и понатаму е барана, дури стана и извор на инспирација за многу популарни модни брендови. Оваа пролет и лето, макраме торби може да се најдат во луксузниот сегмент, но и во понудата на high street брендови.
Во нашата колекција погледнете ги најубавите торби инспирирани од макраме техники. Тие се идеален придружник на летната облека и костимите за капење!