Во пресрет на премиерата на “Беше еднаш во Холивуд”, најновиот филм на Квентин Тарантино, актерката Марго Роби, дебитираше на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал.
Прекрасната австралиска актерка за оваа прилика беше облечена во комплет на Шанел, црни панталони со монистри и бела туника без ремениа со црни детали, а нејзиниот необичен моден избор беше во фокусот на јавноста.
Воедно, минатата недела, Роби стана новиот амбасадор на брендот Шанел, а од 2018 година, таа е нивна модна амбасадорка.
На црвениот килим на Канскиот филмски фестивал Роби прошета заедно со Квентин Тарантино, Бред Пит, Леонард Ди Каприо и остатокот од екипата на филмот “Беше еднаш во Холивуд”.