Новата, многу сензуална Mango колекција ни носи белa боја, тантела и рустични парчиња.
Mango ја претстави новата колекција за летната сезона наречена “Summer romance”. Меѓу новите парчиња има многу лесни фустани, раскошни здолништа, женствени блузи и прекрасни модни додатоци кои се совршени за деновите на одмор.
Посебно внимание треба да се посвети на сензационалните рамни папучи и сандали кои можат да се носат со едноставни, класични фармерки и романтични фустани.