Слатките црвени цреши се наше омилено овошје во кое уживаме на повисоките температури.
Ова неодоливо овошје ги содржи витамините А, B и C, биофлавоноиди, елегична киселина, антоцијанин и мелатонин – состојки кои помагаат во борба против ракот, спречување на болести на срцето и олеснување на болка предизвикана од артритис, главоболка и симптоми поврзани со фибромиалгија.
Свежите цреши се добри за отстранување на физичка и ментална исцрпеност, па затоа земете ги со вас во канцеларијата и грицкајте ги како меѓуоброк.
Според научните истражувања, флавоноидите кои се наоѓаат во црешите (кверцетин) имаат анти-канцерогени својства и помагаат во спречување на срцевите заболувања. Црешите се сметаат за важен извор на кверцетинот.
Антоцијанините кои се наоѓаат во црешите ги блокираат воспалителните ензими и ги намалуваат болките. 20 цреши се десет пати повеќе ефективни од аспиринот и имаат позитивни ефекти на гихт и болките од артритис.
Црешите се сметаат за добар извор на бор, ( содржат 396 ug / 100 грама), кои во комбинација со калциум и магнезиум имаат исклучително корисен ефект врз здравјето на коските.