Оваа пролет, чевлите од 1950-тите, наречени “slingbacks”, повторно се вратија на модната писта.
Дизајнерите не ја ограничија својата имагинација. Значи, покрај класичните кожни и лакирани чевли со зашилен врв и ременче, имаше и необични модели украсени со мрежа, кожни ремени, ратан или пластични уметоци.
Slingbacks чевлите се одраз на женственоста и елеганцијата од времето на Коко Шанел, Џеки Кенеди и Одри Хепберн. Иако тие порано се носеа исклучиво со миди здолништа, строги јакни и фустани со А-силуета, модерниот стил нуди многу повеќе комбинации. Девојките денс ги носат во комбинација со моторџиски и машки јакни, кожни панталони и софистицирани блузи, лабави панталони и проѕирни фустани.
Одбравме 15 пара најдобри чевли со отворена пета, кои треба да се додадат во плакарот за ова лето.