Ремиксувај ја својата културна стварност
Изложба во јавен простор на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела од македонските автори изработени како дел од јавниот повик „Ремиксувај ја својата културна стварност“. Автори на редизајни кои ќе бидат претставени во рамки на изложбата: Дарко Дојчиновски, Ивана Темелкоска, Јулијана Росоклија, Милан Крстевски, Вили Стоилова, Владимир Трајановски, Александар Јосифовски, Ангелина Кичукова, Бисера Михајловска, Димитар Грчев, Маја Атанасоска, Марко Јанев & Петар Џајковски, Нора Николоска и Калиопи Илиевска.
Соработка со Аксиома – асоцијација за културна соработка и истражување
Аксиома е асоцијација на ентузијасти која ги промовира ремикс-културата и интерактивните уметности, притоа обидувајќи се да ги вкрсти со општествените случувања кај нас, но и со социјалните движења во светот. Досега е вклучена во организација на проекти од областа на културата и издаваштвото, во кои се обидува да пополни одредени празнини што постојат на тие полиња кај нас.