Кадравите шишки се апослутен хит оваа година.
Зголемената популарност на кадриците во 2019 година, може да се препише на фактот дека жените сакаат да изгледаат поприродно и немаат многу време за постојано да ја негуваат и обликуваат косата…
Некои од најголемите ѕвезди како што се Storm Reid, Lex Scott Davis, Naomi Campbell, Yara Shahidi, Ilana Glazer и Natasha Lyonne,носат кадрави шишки.
Ако сакате да го пробате овој тренд, имајте на ум неколку работи пред да заминете во салон. Прво треба да се консултирате со својот фризер и да му кажете да не ги скратува премногу, бидејќи шишките и кадриците треба да бидат слоевити, а не со права линија. Ако сакате да имате совршени кадрици, треба да ја оставите вашата коса да се суши на природен начин, а потоа само додате некој витлер.
Кадравите шишки одлично стојат на било која форма на лице или текстура на коса, само на тие со рамна коса ќе им треба малку повеќе време за да ја добијат посакуваната форма.