Точките како ретро-дизајн, се вратени на модната сцена оваа пролет и сигурно ќе ви биде драго да ги носите во нивните облици.
Бел блејзер
Моќните костуми и формалното облекување го прават јадрото на најсовремените стајлинзи. Инвестирајте во бел блејзер во кој ќе изгледате одлично и ќе можете лесно да го комбинирате со сè, а посебно со лесни панталони со дезен.
Нетрадиционален тренч мантил
Некогаш носевме само беж мантили, а денес тие се изработуваат во различни нијанси, дезени и различни материјали. Обидете се, во вашиот стајлинг да внесете мантил од ПВЦ материјал, со тантела или во неонска боја. Вашиот стил ќе доживее инстант пролетна промена.
Паф ракави
Отворените рамења се од минатогодишниот тренд, додека оваа пролет, главниот фокус ќе биде на преголеми, “puf” ракави.
Темни фармерки
Ако сакате да носите фармерки за работа, бидејќи се чувствувате удобно во нив, инвестирајте во модел со потемна боја која може да помине како класични панталони.
Пастелни модни додатоци
Од светло сина до нијанса на лаванда, не можете да згрешите дури ни со една пастелна боја која ќе ви додаде забавна нота на вашиот стил.
Линиите се моден класик кој одлично изгледа на целата облека. Од костуми и маици до пантони и кошули, линиите ќе бидат ваш омилен сојузник оваа пролет.