Графиката „tie-dye“ не ја заобиколи речиси ниедна модна ревија на познати дизајнери. Таа го има заземено централното место во колекциите на MSGM, R13 и Altuzarra, украсувајчимаици, суичери, фустани, па дури и фармерки.
Техниката “tie-dye” е позната уште одамна. Доаѓа од јапонскиот збор “sibori” – тоа е метод на боење на ткаенината со помош на компресија, намотување и шиење. Овој процес на боење го обожуваа претставниците на хипи движењето во 1960-тите. Тие носеа долги фустани и туники со интересни отпечатоци во боја и техниката на tie-dye ја направија симбол на нивниот стил.
Оваа техника често се користи кај тексасот, кој е познат како “перен” тексас. Оваа година, дизајнерите беа многу креативни и презентираа неверојатни варијации на оваа тема.
Од луксузни фустани до туники и дуксери, оваа неверојатна техника на боење доминира во летните колекции на познатите модни куќи.