Цветниот дезен е младешки, освежувачки и лесен за комбинирање.
Кажете им збогум на досадните комбинации. Време е да научите како да ја комбинирате успешно и со стил блузата со цветен дезен. Погледнете ги советите и идеите што ви ги даваме.
Цветен дезен за канцелариска работа
Кога станува збор за модна комнинација за работа, одберете кошула со рамен крој и со широка крагна, иста како и белата која веќе ја имате, само со убав, цветен дезен. Комбинирајте ја со класични панталони, здолниште под колена и други работи кои се носат во канцеларија, но нека бидат во темни и монохроматски бои. Клучот е во тоа дека само горниот дел може да изгледа лесно и шарено. Така ќе биде соодветно за видот на работата што ја вршите.
Цветeн дезен за вечер – совршено!
Ако се подготвувате за вечерно излагање, тогаш комбинацијата треба да биде посмела од претходната. Значи, тука доаѓаат во предвид топови, кошули со карнери, деколтирани блузи, сите со цветен модел, а ке изгледате како вистинска ѕвезда. Комбинирајте ги овие парчиња облека со кратки здолништа, искинати фармерки и високи потпетици. Ќе бидете одушевени и нема да сакате да носите ништо друго.
Цветови и линии. Дали се осмелувате?
Се прашувате дали е во ред да се комбинира блуза со цветен принт со панталони со некој друг принт? Одговорот е да, се разбира! Нашиот предлог е отпечатоци со линии. На пример: Блуза со едноставен крој со цветови во живописни бои, панталони со вертикални линии, мала торба, црни чевли и едноставен накит. Комбинација за десетка.
Пастелни бои се идеални за комбинирање со цветен дезен
Со цветен дезен совршено се вклопуваат пастелните бои, особено ако сакате да изгледате префинето и елегантно, со други зборови софистицирано. Драп панталони, здолниште во зелена но пастелна, кратки панталони во пурпурна боја… можностите се огромни.
Останува уште да ве потсетиме дека додатоците имаат моќ да го подобрат стилот, ако ги одберете вистинските. Изгледот треба да биде избалансиран, со мал контраст. Ова се основните правила, а остатокот е на вас.
Сега кога знаете како да ја комбинирате вашата омилена блуза, останува да ве прашаме: кога ќе ја облечете?