Ако сте во долга врска, тогаш веќе сте забележале дека многу работи се менуваат, а некои остануваат потполно исти.
Некои парови паѓаат во токсична рутина, додека други си помагаат меѓусебно да растат и да развиваат најдобра верзија од себе.
Паровите кои сакаат да преживеат и да одржат здрав и функционален однос, редовно се поттикнуваат еден со друг и знаат дека е важно да имаат живот надвор од врската. Многу двојки токму тука ја прават грешката, мислејќи дека мора да поминат многу време со својот партнер и да се фокусираат само на него.
Кога двојките премногу се потпираат еден на друг, тие го намалуваат кругот на луѓе околу себе и создаваат проблем за себе. По некое време, ќе бараат еден од друг да ги задоволи сите потреби кои ги имаат, на пример, тие ќе сакаат еден во другиот да го пронајде и пријателот и партнерот и сето она што го пропуштаат бидејќи се во врска.
Двојките треба да се фокусираат на поттикнување еден со друг за одржување на врската, работата и живот надвор од врската, со цел да имаат што е можно подобар однос еден со друг.
Здравите парови имаат навика да ги решаваат проблемите веднаш и без преголеми детали, а никогаш не дозволуваат гневот да се зголеми меѓу нив.
Успешните двојки, исто така, знаат дека е важно секој од нив на кратко да оди на пат, да измисли некоја активност, да се обидат со нова поза во сексот, да волонтираат или да одат во нов ресторан. Сите овие мали нешта се тие ситници кои ја одржуваат врската успешна.