Кога ќе помислите на тетоважа, првото нешто што ќе ви падне на памет е од црна боја или од сино мастило.
Но, постојат тетоважи кои содржат многу необична и невообичаена боја – бела. Нивната деликатна и суптилна природа станува се повеќе популарна меѓу љубителите на тетоважата.
Овие тетоважи често се тешки за забележување, особено ако сте со посветла кожа. Тетовирањето со бело мастило не е одлука која треба лесно да ја донесете, а само добро обучени мајстори за тетовирање можат да работат со оваа боја на мастило.