СЕ породи Меган Маркл …машко е!
Војводата и војвотката од Сасекс објавија на Instagram_ дека му посакуваат добредојде на своето првородено дете – син, во раните утрински часови
Бебето е родено денес на 06. 05. 2019 год., рано во 5.26 часот по локално време, со тежина од 3.260 килограми. Mајката и бебето се добри.
– Беше неверојатно – рече принцот Хари, смешкајќи се, додавајќи дека е многу поносен на својата сопруга.
Обраќајќи се на медиумите, принцот Хари истакна дека тој и Меган Маркл не се одлучиле кое име ќе му го дадат на својот син и најави дека сите тројца, за првпат, ќе се појават во јавноста за неколку денови.
Честитки и од нас …