Кафето е меѓу најчесто консумираните пијалоци во целиот свет
Многу луѓе од кога ќе го испијат кафето, талогот го фрлаат, а не знаат дека истиот може да им послужи за убавината.
Еве го рецептот за пилинг од кафе
Состојки:
1/2 шољичка талог од кафе
1 лажица кокосово масло
1 лажица вода
Измешајте го талогот од кафето со малку вода и кокосово масло и ќе добиете совршена мешавина за пилинг на телото. Грубите честички и киселата содржината на кафето делуваат како совршен пилинг за вашата кожа, што помага да се отстранат нечистотиите и мртвите клетки од кожата.