Beyonce ја почна својата соработка со Adidas и ги сподели првите чекори со своите фанови на Instagram, објавувајќи детали од снимањето на рекламна кампања.
На Instagram, пејачката сподели фотографии на кои таа позира во спортско трико, лежејќи на на еден куп патики. За помалку од еден час, нејзините објави собраа милиони лајкови.
“Ова е за мене животно партнерство. Adidas имаше огромен успех во поместувањето на креативните граници. Ние ја делиме филозофијата на креативноста, развојот и општествената одговорност кои се на чело на бизнисот” – изјави Beyonce по потпишувањето на соработката со Adidas.