“За една година и три месеци најдоцна, низ улиците ќе возат над еден милион робот такси возила на Тесла” – изјави Илон Маск. Според него овие возила можат да возат насекаде.
Доколку купите од новите робот автомобили на Тесла, тој самиот ќе работи за вас. Кога автомобилот не го користите, тој може да се вклучи на системот на Uber и преку него самиот, без возач да работи и пренесува патници, додека вие сте на работа или се одмарате. Така самиот автомобил се изплатува и заработува (се разбира дека автомобилот работи на електрична енергија и може да вози 500 км со полна батерија).
Гаранцијата на автомобилот тврди дека може да помине 1 700 000 км.
За две години компанијата Тесла ќе почне да изработува автомобили без волан и гас педали.