Амбасадорките на брендот Louis Vuitton се здружија во најновата кампања на познатиот француски бренд …
На сликите можеме да ги видиме Ема Стоун, Алис Викандер и Леа Сејду.
Фотографот на кампањата беше Крег Мекдонел, додека стилист беше Мари-Амели Сове.
Кампањата е креирана со чантите во центарот на вниманието, што веднаш го привлече нашето внимание, а претставени се моделите Capucines, Twist и Dauphine.
Заедно со печатената реклама, актерките ќе се појават и во серија кратки филмови.