Најголемиот светски подводен ресторан “Under” беше отворен во Spangereid, Норвешка.
Овој ресторан може да смести 100-тина луѓе и е прв ваков ресторан во Европа.
Половина од ресторанот е под вода, а другиот дел е над него. Дизајнот на овој ресторан е таков што совршено се вклопува во морската средина. Неговиот дебел бетонски оклоп му помага да се спротивстави на притисокот на водата и брановите, а големите прозорци даваат неверојатен поглед.