Guess ја претстави новата пеолетно – летна кампања за 2019 година, која беше снимена во сончевата Палма де Мајорка во Шпанија под будното око на Пол Марсиано, ко-основач на брендот Guess.
Познатите модели Вики Одинцова, Кристина Крајт, Мишел Герциг, Гулсина Калимулина и Андреа Даманте застанаа пред објективот на познатиот модна фотографка Татјана Герусова и ја направија кампањата заводлива и сензуална.
Во женската колекција, се истакнуваат цветните макси фустани во жолта и црвена боја во комбинација со разни тексас парчиња.