Лондонскиот фотограф Бен Хопер предизвика големи контраверзи во јавноста со својата колекција на фотографии на кои позираат жени неизбричени под пазувите.
Тој оваа изложба ја нарече “Природна убавина”, а целта му беше како што кажува тој, да открие зошто жените со влакна на телото се сметаат за помалку убави и помалку секси.
Голем број на дами се согласија да бидат дел од оваа изложба и да ги поделат личните приказни за стресот со секојденевното бричење под пазувите. Хопер прво ги фотографираше моделите, но потоа го смени мислењето бидејќи сакаше да ја покаже убавината на обичните жени.