Џенифер Лопез отсекогаш знаела како да ги воодушеви сите на црвениот тепих, а благодарение на нејзините непогрешливи модни комбинации, таа ќе ја добие наградата на CFDA Fashion icon за 2019 година.
Советот на американски модни дизајнери (CFDA) ги сподели овие информации на Instagram, откривајќи дека J.Lo ќе ја добие оваа многу посакувана награда во јуни оваа година. Со тоа, пејачката и актерката ќе застане раме до раме заедно со Наоми Кемпбел, Ријана и Бијонсе, кои претходно ја добиле наградата на CFDA.
Овогодинешните награди на CFDA ќе се одржат во Музејот во Бруклин на 3-ти јуни. Дизајнерите номинирани за престижната награда се Брендон Максвел, Марк Џејкобс, Роси Асулин, Кејт и Лаура Мулеави, Вирџил Абло и Керби Жан-Рејмонд.