Ако отсекогаш сте сакале да се облечете како вашиот омилен херој или како дива од видео-игрите, Moschino ви дава совршена можност да ги реализирате вашите соништа …
Во сензационалната соработка со добро познатата франшиза The Sims, овој луксузен моден бренд планира да претстави сосема нова колекција инспирирана од оваа серија на виртуелната реалност.
Како дел од соработката, Moschino создаде ексклузивни 2D дизајни инспирирани од играта, комбинирајќи ги со пренагласени акценти и силни бои.