Ви го претставуваме часовникот од 500.000 долари, што речиси го сруши светскиот рекорд …
Овој модел на себе има повеќе дијаманти од било кој друг во светот, заради кој се најде во Гинисовата книга на светски рекорди.
Наречен Мудан, овој модел е дело на брендот Коронет со потекло од Хонг Конг.
Презентиран на изложбата Baselworld, часоникот Мудан е украсен со 15.858 дијаманти, со вкупна тежина од 50.01 карати. Мудан во преводот од кинескиот јазик значи божур, кој инаку е кралот на цвеќето во кинеската култура.
Часовникот е украсен со 18 каратно злато, со прекрасна дијамантна слика на бројчаникот, како дело на јувелирскиот дизајнер Рина Ахлували.
Хиперреалистичната дијамантна слика бара стотици часа работа за само една креација, заради што е многу пожелна во светот на богатите.
Како што вели Ахлували, нејзиното слика е “светлината на племенитоста што секој од нас ја носи во себеси”.