Откако се најде на второто место зад Париз минатата година, главниот град на Англија се искачи на тронот на годинашното рангирање …
Оваа листа се базира на податоци собрани во текот на изминатата година, а сите посетители на Лондон гласаа заедно и go доведоа на водечка позиција. Според истражувањето, кралската свадба на Меган Маркл и принцот Хари ималa силен ефект врз целиот свет. Луѓето сакаат да чекорат по улиците на кралското семејство и да истражуваат што се може Лондон да им понуди.
По кралската свадба, посетата на палатата Бакингем и смената на стражата се зголеми за дури 231 процент за време на претходните дванаесет месеци. Сепак и да не сте премногу љубител на кралското семејство, овој град крие и нешто за вас.
Лондон има возбудлива историја, како центар на креативноста и слободното размислување, од Шекспир до раѓањето на панк движењето и денешните модни писти. Неговата креативна енергија и културната разноликост може да се почувствува во секој негов аспект од храна, мода, уметност, изложби, бутици, продавници и ноќен живот.
Овој град има музеи, барови, улични изведувачи и сè друго што можете да посакате. Изобилството на луксузни хотели, ресторани, галерии, бутици на високата мода и сѐ друго останато, го претвораат Лондон во град на бајките, за сите оние кои сакаат традиционално патување.