Една студија на британските научници покажа дека луѓетo во просек се најсреќни во своите 16-ти и 70-ти години.
Тинејџерите во споредба со младите повозрасни личности имаат подобри резултати на сите тестови за субјективно чувство на среќа, според податоците собрани од британската влада во текот на седум години.
Трендот на поизразено субјективно чувство на среќа повторно се појавува од средината на 50-тите и првите години на пензионирање.
Многу пензионери се посреќни од повеќето луѓе во своите дваесетти години, додаваат истражувачите.
Овие фактори влијаат врз среќата:
финансиска сигурност
здравје
емоционален живот
Истражувањето покажа дека жените се во просек посреќни од мажите.