Олимписката сезона конечно започнува, a тоа во вистински јапонски стил го означува официјалниот Олимписки факел 2020, кој е дизајниран како рефлексија на Сакура – националениот, реномиран цвет, дело на Тајукин Јошиока.
Факелот е со висина од 71 цм, се состои од пет дела, од кои секој е свиткан за да нѐ потсети на мотивот на цветот Сакура.
Факелот е изработен од алуминиумски градежен отпад, кој беше добиен од привремени станбени единици изградени за време на големиот земјотрес и цунамито кои ја погодија Јапонија пред осум години, а како финален детал додадена е розовата златна боја.
Генијален уред за палење исто така е создаден од истиот алуминиум и технологија која се користи за изградба на познатите јапонски брзи возови.
Коментирајќи ја својата ексклузивна креација Јошиока изјави: „Дизајнот се роди кога почнав да цртам симболи на цвеќиња со децата во овој дел од земјата која се опоравува. Цветовите кои тие ги цртаа беа весели, симболизираа сцени каде луѓето се опоравуваат од катастрофата. Имав за цел да ја претставам нивната сила на целито свет преку својот дизајн во 2020 година. Олимпискиот пламен ќе помине низ Јапонија, осветлувајќи ни го патот“.