Од скоро верениот пар Џенифер Лопез и Алекс Родригез, се поврзаа и во модниот свет, на еден голем заеднички проект …
Овој пар кој изгледа многу добро, соработуваше со брендот Quay Australia на новата линија очила за сонце.
На фотографиите можеме да ги видиме Џенифер и Алекс како позираат со многу интересни нови силуети на очила за сонце. Од cat-eye моделот до пилотските, овие дизајни совршено ги акцентираат модните комбинации за топлото време годинава.