Кога првпат ја видовме новата Coach колекција, таа во нас го разбуди сонливото и длабоко скриено дете …
Нашиот омилен бренд кој создава луксузни предмети од кожа, сега ни нуди совршена доза на Disney во својата нова колекција. Нивниот најнов, беспрекорно организиран асортиман на модни додатоци ги оживува вечните класици како Алиса во земјата на чудата, Дамбо, 101 далматинец и Бамби.
Она што е интересно, оваа колкеција е совршено вклопена со премиерата на римејк филмот Дамбо, кој ќе почне да се прикажува овој месец.