Модната дизајнерка Маја Кикириткова, оваа сабота во присуство на медиуми и пријатели ја престави својата нова колекција “Елеазар на Маја Кикириткова”. Промоцијата на новата колекција беше всушност и промоција на новото модно ателје “Елеазар на Маја Кикириткова” кое се наоѓа во Капиштец на улица Козара 26б/8 (зелена зграда) веднаш до градинката Кочо Рацин во Капиштец, наспроти Зебра.
Новата колекција на Маја всушност е пролетна колекција во препознатливи пастелни бои надополнети со белата и црната како задолжителни бои во ормарот, зачинети со тантела за надополнување на женственоста. Елеазар ќе претставува колекција “ready to wear” или наменета за сите динамични жени,овозможувајќи одговор за секој нов предизвик во денот, од динамично работен ден кој може да заврши со коктел.
Погледнете ја новата колекција на Маја Кикириткова од колекцијата Елеазар.