Драги пријатели,
Задоволство ни е да ја споделиме со Вас актуелната состојба околу концертот на Лозано во Скопје.
Имено, како што и очекувавме, интересот е навистина огромен.
Влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија.
Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје.
Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на Avalon.mk по следниве цени и категории:
ПАРТЕР- 500 денари
ФАН ПИТ- 800 денари