Ако имате дијабетес тип 2 и сакате да му направите услуга на вашето срце, новата студија сугерира дека треба да употребувате ореви и бадеми во вашата исхрана.
Луѓето со дијабетес тип 2 кои земале ореви пет или повеќе оброци неделно, го намалуваат ризикот од развој на срцева болест од близу 20 проценти во споредба со луѓето кои јадат помалку ореви.
Консумирањето на ореви за време на пет или повеќе неделни оброци исто така го намалува ризикот од предвремена смрт заради срцеви заболувања или било која друга причина за една третина, особено кај луѓе со дијабетес тип 2.
Но, се чини дека сите јаткасти плодови не ги даваат истите резултати. Јаткастите плодови што растат на дрвја обезбедуваат повеќе бенефиции за здравјето на срцето од кикириките и слични плодови кои растат на земјата или под земја.
Наодите укажуваат дека консумирањето на одредени јаткасти плодови, особено оревите, е корисно за превенција од кардиоваскуларни болести и прерана смрт кај луѓето со дијабетес.
Корисни јаткасти плодови се: ореви, бадеми, индиски ореви, ф’стаци, лешници и слично.
Истражувањето било финансирано од Националниот институт за здравство на САД