Шик, класични и удобни, патиките станаа нов тренд во модниот свет …
Сепак, постои бренд кој може да го земе тој скромен пар обувки и да го трансформира во гламурозно уметничко дело, се разбира, тоа е Louis Vuitton.
За жените, се разбира, стилот и комфорноста се главните критериуми кога станува збор за изборот на обувки, а моделите на Louis Vuitton ги задоволуваат овие потреби.
Новите Archlight сандали имаат четири кожни ремени со променлив дизајн од LV монограм и бела боја на секоја површина. Живи акценти во розе боја го красат нивниот преден дел.
Создадени во Италија, сандалите Archlight беа инспирирани од ревијата Cruise 2019, колекција која ги збуни дури и најострите модни критичари. По цена од 1.090 долари, овие сандали се подготвени да ги освојат улиците оваа пролет. Дали вам ви се допаѓаат?