Приказната што ќе ви ја раскажеме сега е за едно прекрасно место во светот, а можеме да ја започнеме приказната како една бајка …
Зад седум гори и седум мориња, зад седум планини и седум долини се наоѓа едно прекрасно острво. И на тоа острво има езеро. И во езерото острво. И на крајот од сезерото има повторно мало острво кое претставува изгасен вулкански кратер. Ве потсетува на вистинскиот почеток на бајка, нели?
Имено, на крајниот јужен дел на острвото Лузон, кој припаѓа на Филипините, се наоѓа овој уникатен случај. На острвото Лузон има езеро наречено Тал, во кое се наоѓа и вулканско острво со истото име. И во рамките на ова острво може да се види уште едно мало езеро во кое повторно се наоѓа мала Вулканска точка.
Можеме да се согласиме дека ова е исклучително ретка и многу интересна убавина, која сведочи за тоа колку нашата планета е сè уште неистражена и дека уште многу убави, а понекогаш дури и очигледни работи чекаат да бидат препознаени и откриени, а можеби тие се во ваша близина.