Steve Madden ја претстави новата модна кампања за пролет / лето 2019.
Инспирацијата за новата кампања е пролетниот дух и напредокот што сезоната го носи со себе.
Во колекцијата се користени мрежести детали и материјали кои потсетуваат на стилот на 90-тите години.
Силните бои ги истакнуваат новите модели на Steve Madden кои го привлекуваат вниманието на обожавателите со порака да бидат храбри и полни со самодоверба.