Следејќи ја неговата дебитантска колекција полна со младешки креации подготвени за забава, Hedi Sliman овој пат имаше сосема поинаков фокус …
За својата нова модна ревија за Celinе, есен / зима 2019 година, тој се фокусираше на женствени парчиња, тесни блејзери, плисирани миди здолништа и капути од вештачко крзно.
Моделите кои особено привлекоа внимание се тесните фармерки, џемпери со ролки и кожни јакни.
Палетата на бои најмногу е фокусирана на неутралните тонови на сива, беж, црна и камел бои. Чизми над колена од кожа како и шалови со дезени.
Пилотски очила, ремени и капи со широки ободи, беа претставени како совршени модни додатоци.
За финалните модели, Sliman одбра фустани украсени со штрас и наметки.